Пост на македонски, по скоро година ипол. Морам да признаам, ми требаа неколку дена да го склопам интервјуто за рубриката „Пат околу светот“ на Скопје се носи. И напишав се што ми падна на памет, дека за Љубљана можам да раскажувам и да раскажувам и да раскажувам... По цели денови, само да има кој да ме слуша.
Дел од текстот беше објавен во интервјуто и можете да го прочитате ТУКА, сите фотки и целосниот текст ги склопив во постов, бидејќи морав да ги имам и на блогче.
Се надевам ќе уживате.
Зборам скопски, се облакам љубљанчански и секогаш раскажувам за Струга.
Со Скопје од секогаш сме имале некој love/hate relationship.
Се пронајдов тука, главно поради темпото на живот. Се е споро, имам време да уживам, сама на кафе, без чудни погледи, и да пишувам, како сега. И да се инспирирам, да сликам, набљудувам. За тоа живеам.
Се навикнав, да ми е океј после факс да идам исто облечена на журка, без шљокици и штикли, со фармерки, патики и на точак. Сите се #НаТочак. Мојот има и име, Furiosa. Возам секогаш и секаде, на секакви временски услови и да врне и да вее и бура да коси. Тоа за мене ништо не е.
Мислам дека не би живеела на друго место.
Самостојноста и независноста ми годат. Еднаш, и се јавив на мајка ми во 10 навечер да и кажам дека спонтано следното утро летам за Париз. Фала богу најнормално изреагира, као „Маци мама, а уште не си спакувана?“ Со тоа имам најголем проблем. Дека јас би ја спакувала цела куќа. За секој случај. Живеењето во студентски дом ме спаси од многу погрешни шопинг одлуки. Во последно време, не купувам, дека немам место каде да ги ставам стварите.
Да се вратам на Љубљана, би ја опишала како моја safe зона, место каде хедонистички уживам. Во секој ден.
Кафе на сонце во Притличје ми ги полни батериите за цел ден, еден круг со точакот ме смирува, а јадењето сладолед од боровница на -10 е веќе посебна приказна. Една од главните предности, рака под рака со самостојноста.
Не знам што би правела без Љубљана, а и таа без мене богами.
Нема што повеќе да филозофирам.

Post a Comment